Градоначалникот Зоран Заев со сопругата и соработниците, синоќа, беа дел од традиционалниот маскенбал кој што се одржа во хотелот „Сириус“, а со кој свечено започна струмичкиот карневал 2016.
Прекрасните креации на учесниците во маскенбалот и годинава потврдија дека струмичани се вистински мајстори за забава под маски.Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал. Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште “Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации. Вечерва е познатиот струмички маскенбал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата која што потекнува од нашите поколенија. Секако тримерските обичаи се нешто со коешто се гордеат струмичани. Овие карневалски денови очекуваме да бидат врв на организацијата на струмичани во форма на струмички карневал.Јас сум истовремено и политичар, водам во моментов пресериозен процес во Република Македонија, а маската понекогаш претставува искривување на реалноста. Заради тоа оваа година, почитувајќи ги традициите на струмичани, сум традиционално гостин на маскенбалот во Струмица, но овој пат без маска, рече градоначалникот Заев. Никола и Наташа Илиеви, брачен пар од Струмица, беа избрани за принц и принцеза на маскенбалот. Тие ќе ја предводат вечерашната главна интернационална карневалска поворка по улиците на Струмица.