Домот за деца и млади „Благој Мучето“ им ги додели наградите на најдобрите учесници на литературниот и ликовниот конкурс кој што го распиша по повод 8-ми март – меѓународниот ден на жената. На конкурсот учествуваа ученици од основните општински училишта од Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Тие своите дела ги создаваа на темата „Мајки од цел свет подадете раце, исплетете пајажина за спокој на сите деца“.
-Целта на нашата институција е во ова модерно време на компјутеризација и на брзо живеење да ги поттикнеме младите, поточно децата, уште од најрана возраст, уште кога се уште се во основните училиште, кога се креативни и кога го носат тој креативен дух во себе, ние да дадеме еден поттик на тој начин што ќе ги наградиме скромно со дела кои што ќе можат да ги читаат и да се надоградуваат и понатаму. Во ликовниот дел имаме друг вид на награди кои што носат поттик кон ликовниот креативен дух. Би сакала да се заблагодарам на општината која што секогаш е поддржувач на нашите манифестации чија цел е да се анимираат младите, односно, децата за да може во иднина да градиме уметници, писатели и се друго што младите стануваат понатаму во животот, рече Светлана Мазгаловска Вучетиќ од домот за деца и млади „Благој Мучето“.