Во големата сала на домот на АРМ во Струмица, денеска, се одржа „Отворен ден“ со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Лоренс Оер, на тема „Права и политички слободи на граѓанинот“.
Покрај амбасадорот на Франција, на дебатата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и други членови на Советот, заменикот на народниот правобранител Славчо Тимов, претставник на граѓанската асоцијација „Мост“, претставници на НВО – секторот, јавни институции, млади и останати граѓани на општина Струмица.Во поздравниот говор до францускиот амбасадор и присутните во салата, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов рече:Темата на овој „Отворен ден“ е исклучително значајна за Република Македонија и нејзината сегашност и иднина. Да се зборува за правата и политичките слободи на граѓаните, значи да се зборува за најважниот проблем во државата кој ги продуцира сите останати проблеми кои го составуваат мозаикот за севкупната актуелна состојба во Република Македонија. Сите слободи и права на граѓаните кај нас вклучително и политичките, се утврдени и загарантирани со Уставот на Република Македонија. За жал мора да констатираме дека во нашата држава тие слободи и права им се загрозени на граѓаните, со што Уставот – најважниот документ на една земја не се почитува доследно. Земја без почитување на Уставот е земја која треба да биде загрижена за својата иднина.За амбасдорот Лоренс Оер, на Државната изборна комисија сега и претстои суштинска работа за да се добие стабилен и прочистен Избирачки список во кој доверба ќе имаат сите гласачи.Имавме навистина интересна дебата, граѓаните беа информирани за сите рокови кои што треба да се испочитуваат, голем број на отворени прашања кои што беа поставени, ова е дебата која што ќе ја слушаме постојано се до спроведувањето на изборите на 5 јуни. Интересно обраќање имаше и заменикот на народниот правобранител кој ги потсети граѓаните на нивното право за доставување на преставки, за остварувањето на индивидуалните права и слободата на избирање и гласање. И навистина, сега и престои суштинска работа на Државната изборна комисија затоа што кај нив сега треба да се спроведе најголемата работа за да месец дена пред одржувањето на изборите се добие Избирачки список кој што ќе биде стабилен и прочистен и во кој сите гласачи ќе имаат доверба. И навистина денеска сме среќни и можеме да забележиме дека теренската проверка е веќе отпочната и искрено се надеваме дека ќе ги даде очекуваните резултати. Инаку, станува збор за процес кој ние одблиску го следиме и поддржуваме и кој што ќе допринесе за зголемување на довербата кај граѓаните, за да изборите на крај бидат оценети како фер и демократски и навистина слободата на слободен избор е нешто што навистина е од суштинско значење, но тоа не е единствениот услов постојат и други услови, како на пример, независноста на медиумите, поделеноста на средствата од државата и политичките партии и низа предизвици за кои денеска сосема отворено говоревме и кои ќе не однесат до изборите на 5 јуни, рече амбасадорот Оер.Пред одржувањето на отворениот ден, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Лоренс Оер, одржа средба со претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов, со секретарот на Општината Кирил Парталов и со советниците Катерина Кузмановска и Душан Спасов, на која претстојните избори и условите во кои тие ќе се одржат беа главна тема на разговорите.