На предлог на градоначалникот Зоран Заев, Советот на општина Струмица финансиски го поддржа проектот „Да, и девојките играат фудбал“ чиј носител е женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица преку девојките од првиот тим на истиот. Реализацијата на проектот почна денеска на фудбалското игралиште со вештачка трева.
Нашата цел е да докажеме дека фудбалот не е само машки спорт и дека секаде во светот исто се третираат машкиот и женскиот фудбал. Овој проект е поддржан од општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, поддршка имаме и од ФФМ. Овој клуб го имаме веќе три години и можам да кажам дека од кога почнавме со младинските лиги интересот кај девојчињата се повеќе расте и мислам дека ќе биде поголем доколку се реализираат вакви проекти кои ќе го привлечат вниманието на девојчињата, рече Александра Ристовска, капитен на клубот.Од клубот информираа дека овој проект ќе трае до крајот на мај оваа година. Планирани се повеќе активности по основните училишта и градинките во Општината во кој ќе бидат анимирани преку 300 девојчиња од најразлична возраст.