Општина Струмица продолжува со уредувањето на парковите во населените места. По уредувањето на парковите површини во Свидовица и Просениково, започна уредувањето на паркот во населеното место Костурино. И овој парк ќе добие нова тревна површина, хортикултурно уредување, клупи, канделабри и канти за отпадоци. Уредувањето на паркот во Костурино е во рамките на проектот за уредување на парковите во пет населени места, а кој чини над три милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. По Костурино ќе се уредуваат парковите во Куклиш и Муртино. Проектот значи уште една потврда дека градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во населените места и на целата територија на Општината.