Заменик градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска го посети првото новороденче во Новата 2017 година. Бебето е женско, родено во 1.25 часот по полноќ, прво дете на Ирена Вразхова од селото Пиперово. Заменик градоначалникот Костадинов на мајката и бебето им посака се најубаво во Новата година и на бебето му подари штедна книшка со 20 илјади денари.
-Денеска, на првиот ден од Новата година, дојдовме во болницата во Струмица да го посетиме првото новородено бебе. Новороденчето е девојче, значи Новата 2017 година ќе ни биде плодна и бериќетна. На бебето му посакуваме многу здравје, весело и безгрижно детство, а на неговите родители да бидат среќни и горди со него и да имаат весела и среќна година. Ја користам оваа прилика на сите граѓани да им ја честитам Новата 2017 година и да им посакам многу здравје, среќа, успех и подобар живот за сите, рече Костадинов.