Младинскиот совет на општина Струмица во соработка со учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“ по седми пат го организира традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт.
Mултимедијалниот празничен концерт со наслов KING OF POP ќе се одржи на 4 јануари 2017 година со почеток во 19:00 часот во големата сала на НУЦК „Антон Панов“. Во него ќе учествуваат шеесетина талентирани средношколци кои ќе пеат, свират и танцуваат во чест на кралот на светската поп музика Мајкл Џексон.
Од Младинскиот совет велат дека со овој настан се вклучуваат кон донациите за Никола Новоселски кој има потреба од пресадување на матични клетки во Русија. Сите собрани средства преку влезници и дополнителни донации ќе бидат наменети за лекување на нашиот сограѓанин кој со неговото семејство четири години по несреќата не може да се израдува на најубавиот период од годината. Оние кои не може да присуствуваат на концертот може да донираат со купување карти за донации или на телефонските броеви: 143-116 (Телеком) и 143-476 (Vip/One).