По денешните нови снежни врнежи, зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ уште од раните утрински часови е на терен. Според Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“, на улиците се фрла индустриска сол и ризла, а доколку се интензивираат врнежите од снег ќе се активира и механизацијата за чистење на снегот. „Комуналец“ работеше и за време на викендот. Механизацијата беше активирана во централното градско подрачје од каде ги собираше остатоците од снегот за да се спречи водата од неговото топење.