И по новите снежни врнежи, булеварите и улиците во градот се исчистени, а локалните патишта до населените места проодни. Екипите на зимската служба на Јавното претпријатие „Комуналец“ уште од раните утрински часови беа на терен, со специјални возила се чистеа булеварите и улиците и на истите се фрлаше индустриска сол и ризла.
Според Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, од почетокот на снежните врнежи и појавата на мразот, досега се фрлени вкупно 53,5 тони индустриска сол и ризла, а беа ангажирани сите човечки и материјални ресурси.Проодни се и локалните патишта до населените места. Денеска заврши чистењето на патот Робово – Муртино – Банско, а се работи на патот од Раборци, преку Попчево до Рич. Иако патниот правец до Рич е во надлежност на Македонија пат, денеска таму, а во интерес на граѓаните, повторно работи јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.