Традиционалниот струмички карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март 2017 година. И оваа како и минатите години, планирана е богата и разновидна програмска содржина.
22.02. (среда) 2017 година
-Детски маскенбал
23.02. (четврток) 2017 година:
-Објавување на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал – Матична библиотека ,,Благој Мучето“ – Струмица
– Изложба на фотографии од карневалот 2016 година
– Концерт под маски на музичкото училиште ,,Боро Џони“
– 24.02. (петок) 2017 година:
-Carnival party – Карневалско дружење на гостите од странство сo претставниците на карневалските групи од Струмица
– Свечено отварање на Струмичкиот карневал – 2017, со маскенбал и со избор на принц и принцеза на карневалот
25.02.(сабота) 2017 година:
– Прием за претставниците на карневалските групи и ВИП гостите
– Интернационална карневалска поворка – булевар „Маршал Тито“
– Целовечерна карневалска забава по кафулињата и ноќните клубови во градот
26.02.(недела) 2017 година:
– Традиционален Детски карневал по повод ,,Прочка“ на улицата „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“
27.02.(понеделник) 2017 година
-Прес конференција. Објавување на резултатите за најуспешните маски од Интернационалната карневалска вечер
-Традиционална програма по повод чист понеделник, варење на бел грав.
-Отварање изложба на карикатури од наградниот конкурс за карикатура на тема Карневал.
-Доделување награди на наградниот конкурс за афоризми на тема Карневал
28.02.(вторник) 2017 година
-Струмички карневал – традиционално карневалско корзо со доделување на наградите од Интернационалната Карневалска вечер – Центар за култура
-Тримерска карневалска забава
01.03.(Среда) 2017 година
-Одбележување на Тримерските обичаи