Секое дете има право на квалитетно образование кое ги почитува и промовира дигнитетот и оптималниот развој на детето. Водејќи се од ова, основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица, во соработка со УНИЦЕФ, БРО, Македонскиот центар за граѓанско образование и со поддршка на општина Струмица, се вклучи во проектот „Инклузивно образование на ранливи групи“.Наставниците од одделенска и предметна настава од ова училиште, во работна атмосфера ги реализираа содржините и активностите од модул 1 со наслов „Визија, теорија, концепти“ од инклузивното образование за ранливи групи.