Синоќа, во рамките на четвртион фестивалски ден на “Струмица Опен Фестивал“, на сцената на летниот амфитеатар во струмичкиот градски парк, се одржа завршниот концерт од четвртата летна школа за гитара. На концертот настапија дваесеттина од вкупно 70 деца кои беа дел од летната школа, под раководство на м-р Васко Пиличев и Дејан Лазаревски, а на концертот му претходеше и предавање од еминентниот македонски гитарист Влатко Стефановски.
На отворената сцена, пак, кај “чешмичката” се одржа 23 музички среби на лицата со телесен инвалидитет во организација на “Мобилност Македонија“ на кои настапија 14 интерпретатори на македонски народни песни, од повеќе градови од Македонија.Вечерва, на петтиот фестивалски ден на “СОФ” ќе се одржи традиционалната трка на келнери и џез вечер со Владимир Четкар.