Дени Петров од „Хепинес“ стана најбрзиот и највешт келнер на синоќешната “Трка на келнери“ која се одржа во рамките на петтиот фестивалски ден од “Струмица опен фестивал“. Второто место го освои Иле Василев од „Концепт“, а како третопласиран заврши Трајче Николов од „19-ка“.
Наградите на тројцата најбрзи келнери им ги врачи в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов. Љубителите пак на џез музиката, синоќа уживаа во настапот на познатиот џез музичар и композитор, Владимир Василевски – Четкар. Вечерва, на шестиот ден од „Струмица опен фест“ ќе се одржи „Вечер на поезија“, на која, крај „езерцето“, свои стихови ќе читаат поетите Сузана Мицева и Дарко Лешовски, а потоа, во летниот амфитеатар, ќе се случи „Вечер на филм“ за љубителите на „седмата уметност“.