Јавен оглас за доделување на компостери

Центарот за развој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

 

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

  • Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;
  • Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;

Потребни документи за пријавување се:

  1. Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Општина Струмица (Дом на АРМ) со адреса:Благој Јанков Мучето бр. 37 и  Центарот за развој на ЈИПР на  ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.
  2. Копија од лична карта/пасош;
  3. Копија од имотен лист (за луѓето кои живеат во град).

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на  tomislav.andreev@strumica.gov.mk и maja.doncheva@rdc.mk  или истите да ги достават во просториите на Општина Струмица (Дом на АРМ) со адреса:Благој Јанков Мучето бр. 37 како и во просториите на  Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Томислав Андреев – Општина Струмица – одделение за заштита на животната средина

Тел:075-395-914

Е-мејл:Тomislav.Andreev@strumica.gov.mk

Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Тел: 071 251 205

Е-мејл: maja.doncheva@rdc.mk