Пред спомен обележјето во малиот градски парк, денеска, беше одбележана 66-годишнината од убиството на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов.
Свежо цвеќе положија вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов, претставници на семејствата, јавни институции, политички партии и здруженија на граѓани, а беше изведена и пригодна програма.