Прекрасно музичко доживување синоќа покрај езерцето во големиот градски парк понудија струмичанката Александра Јанева и нејзините пријатели. Бројната струмичка публика уште еднаш потврди дека ужива во фестивалската содржина на шестото издание на културно – уметничката и забавна манифестација „Струмица опен фестивал“ направена со љубов.
На сцената покрај езерцето настапија и Ристо Самарџиев, Антониа Гиговска, Панче Илиев, Иле Спасев, Филип Пешевски и 2ВЕ. Меѓу публиката која што уживаше во настапот на Александра Јанева и пријателите беше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Фестивалската програма продолжува со вечер на афоризми покрај езерцето која што ќе започне во 21 часот, а еден час подоцна во летниот амфитеатар ќе се одржи Stand up comedy со Никола Тодороски.