Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица – Муртино, денеска, започна со чистење на атмосферските канали во ова населено место. Според информациите од Тоди Стојанов раководител на единицата, машински ќе се чистат сите атмосферски канали од влезот во селото па се до излезот, односно, до нивниот слив во Моноспитовскиот канал, а во вкупна должина од 2.500 метри. Овие канали се чистат секоја година како превентивна мерка од поплави во есенскиот и зимскиот период од годината.