Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Решение за свикување педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.08.2017 година (петок).
Педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 55 седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за определување на места за истакнување изборни плакати за Локалните избори – 2017, во Општина Струмица;
- Барање согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6280 и 105/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 958 КО Просениково вон г.р.; и
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3839 и 3844 КО Куклиш вон г.р.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов