Решение за свикување педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Решение за свикување педесет и шестата седница  на Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.08.2017 година (петок).

Педесет и шестата   седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

          Усвојување на записникот од 55  седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

 

  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на општина Струмица;
  2. Предлог – Одлука   за определување  на места за истакнување  изборни плакати   за Локалните избори  –  2017, во Општина Струмица;
  3. Барање  согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6280 и 105/1 КО Струмица;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 958 КО Просениково вон г.р.; и
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3839 и 3844 КО Куклиш вон г.р.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов