Учебната 2017/18 година започнува на 4 септември 2017 година, согласно Календарот за организација на работата на училиштата за оваа учебна година.Приемот на децата во прво одделение ќе биде на 4 септември во 9,00 часот во училишните дворови на општинските училишта, каде ќе се изврши распределувањето по одделенија. Во 10 часот во Домот на АРМ, родителите и децата се поканети да присуствуваат на свечена програма. За останатите ученици смените започнуваат во вообичаеното време. Прва смена за учениците од VI до IX одделение во 7 и 30 часот, а втора смена за учениците од II до V одделение во 13 и 30 часот. Општина Струмица и Одделението за образование на сите ученици и вработени во училиштата им посакуваат успешен почеток на новата учебна година.