За 499 првооделенци од општина Струмица, денес започна новата учебна 2017 / 18 година. На традиционалната свеченост со пригодна програма, што во нивна чест беше организирана во дворот на Домот на АРМ, свое обраќање до нив, имаше в.д. градоначалникот Костадин Костадинов.
„Јас, како градоначалник и човек, кој многу ве почитувам Вас – децата, ве советувам да бидете ученици и деца за пример, и да уживате во новата средина. Тоа ви го велам, затоаа што училиштето не претставува само извор на знаења, туку и место каде што се развива вистинското другарство, а тоа подразбира и можност, да се каже или слушне добар збор, да се подаде и прими рака за поддшка и помош. Тие вредности се бесценети, а се паметат и траат вечно“, им рече меѓу другото на првачињата, в.д. градоначалникот Костадинов.