По извршените подготвителни активности, започна асфалтирањето на улици во населените места во општина Струмица во планираната прва фаза. Во текот на вчерашниот ден се асфалтираа три улици во населеното место Куклиш, а овој градежен зафат денеска продолжи во Градско Балдовци. Според информацијата од Одделението за комунални работи, Дабиле и Добрејци се следните населени места каде што ќе се асфалтираат улици. Асфалтирањето се врши согласно програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година, а во оваа прва фаза ќе бидат асфалтирани 14 улици во населените места Габрово, Дабиле, Куклиш, Рич, Градско Балдовци, Костурино, Добрејци, Муртино, Вељуса и Попчево.