Делегација од Катар предводена од шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани се сретна со градоначалниот на општина Струмица, Коста Јаневски. На средбата во кабинетот на градоначалникот, на која присуствуваа и раководители на одредени сектори во Општината, беа презентирани потенцијалите и можностите со кои што располага Струмица за можни инвестиции, особено, во областа на земјоделството. На средбата се разгледуваа и можностите за соработка со извозно ориентираните претпријатија во општина Струмица. Градоначалникот Јаневски им се заблагодари на гостите од Катар за посетата и интересот за инвестирање во Струмица, а шеикот Ал Тани се заблагодари за гостопримливоста на домаќините и отворените можности за соработка.