Вчера, во рамките на проектот „Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија“ Општина Струмица во соработка со Организацијата на жени Струмица, Хуманитарното здружение “Животна искра 99” одржа информативно едукативна трибина во рамките под наслов „Надмудри го ракот биди здрава жена“.
Проектот е поддржан од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена подрачна канцеларија Скопје – финасиран од Австриската развојна поддршка, а поддржано и од Министерството за здравство во соработка со Македонското женско лоби и Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија.
Во присуство на над двеста жени од Општина Струмица, Кампањата беше отворена од страна на Координаторот на проектот од Општина Струмица, кон кое, со свои поздравни зборови се вклучија Претсатвниците од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман, Координаторката на жените Парламентарки во собранието на Република Македонија Пратеничката Г-ѓа Цветанка Иванова и Претседателката на Хуманитарното здружение „Животна искра“ Скопје, Македонската музичка дива Г-ѓа Виолета Томовска.
Работниот дел се состоеше од информативно едукативни предавања на експерти од Институтот за радиологија од Скопје, Проф Д-р Светлана Антеска Грујовска на тема: Раната дијагностика на ракот на дојката со ехо и мамомграфски преглед, Проф.Д-р Георги Зографски од Институтот за онкологија и радиологија во Скопје, на тема Патохистолошка дијагноза на ракот на дојката, Д-р. Весна Гершан од Институтот за радиологија Скопје, Д-р Викторија Јовановска од Гинеколошко акушерска клиника Скопје на тема:Улогата на PAP тестот во заштитата на жената од cerviclanito carcinom, Прим Д-р Надица Јанева од Завод за мајки и деца Скопје на тема: Значењето на PAP тестот во заштитата на здравјето на жената.
Од позиција на Заменик претседателот на Хуманитарното здружение „Животна искра Скопје“ Г-ѓа Теута Красница Чучкова ја промовираше активноста на Македонското женско лоби во рамките на кампањата под наслов „Надмудри го ракот биди здрава жена“.
Проекцијата на краткиот филм – техники за самопрегледување, беше заокружувањето на информативно едукативна трибина.
Сепак Македонската дива Виолета Томовска не би била она што е, доколку на секој убав настан не остави посебен печет. Длабоко од нејзината исконска душа провеаа звиците на песната „Дај ми боже сила небеска“, за да со огромен и долготраен аплауз, над двестате присутни жени во салата и укажат огромна благодарност за нејзината пожртвуваност и ангажман со што повеќе од сигурно ја потврди нејзината едноставност.