Предадени во употреба реконструираните спортски игралишта

Со спортски натпревари во одбојка, ракомет, фудбал и кошарка беа предадени во употреба реконстрираните спортските игралишта на територијата на Општина Струмица.  Градоначалникот Зоран Заев на сите деца им препорача што повеќе да ги користат бидејки се направени за нив.

 

Во текот на цела реконструкција беа одбележани сите игралишта на територијата на Општина Струмица за сите спортови, беа бојадисани постојните стативи, столбови и конструкции,  беа поставени 30 нови табли, 11 комплет нови конструкции за кошеви, 12 нови стативи, 7 нови игралишта со комплет  нов асфалт, и за сите училишта беа обезбедени нови мрежи.