Во рамките на проектот, што во партнерство го спроведуваат Општина Струмица и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, во кабинетот прими поголема група на деца со интелектуална попреченост од Општина Струмица.
Децата со интелектуална попреченост поклонувајќи му на Градоначалникот Заев свои лични ракотворби, му ја искажаа својата огромна благодарност за несебичната поддршка која досега со солзи во очите ја бараа низ времето што помина.
Особена благодарност за несебичниот ангажман за нивните деца, на Градоначалникот Заев му искажа бројните присутни родители, надевајки се на уште поголем ангажман од негова страна за да во идно време во Општина Струмица профункционира и Дневен Центар за деца со интелектуална попреченост.
Децата пред Градоначалникот ја покажаа својата огромна желба за напредок и благосостојба во заедницата, рецитирајки му стихотворби и песнички. Песните испеани од исконско чистите срца и души на овие деца беше потврда за почитување на правото на еднаквост, за кое Градоначалникот од се срце им се заблагодари и им даде цврсто ветување дека на нив, сега и во иднина ќе им биде укажувано должно внимание.
Реализацијата на проектот отпочна во септември 2007 година со тенденција да трае се до прераснување на овој Клуб за времен опфат на деца со интелектуална пореченост во Дневн центар. Во рамките на овој проект Општина Струмица овозможува современо опремени просторни можности и комплетна креативно логистичка поддршка.
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ Порака“ – Струмица, со своја посебна Програма за работа и опфат, како дел од својата Годишна програма за работа, обезбедуваат: стручен кадар за непречена континуирана работа со оваа целна група, нагледни сретства за работа, како и друг вид на средства и материјали за креативна работа потребни за непречено функционирање на Клубот.