Ќе се гради новата градинка во поранешната касарна

Ќе се гради новата градинка во поранешната касарна

Започнаа подготвителните активности за изградбата на новата детска градинка во населбата Касарна во Струмица. Објектот ќе се гради на површина од 1.443 метри квадратни со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца.

Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална, а предвидениот рок за изградба е 16 месеци. Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на капацитети во клоновите на градинката „Детска радост“. Со ова, но и претходно преземените активности за реконструкција и проширување на постоечките капацитети, општина Струмица ја потврдува грижата за децата од предучилишна возраст и за нивниот правилен раст и развој.