Советот на Општина Струмица, ја оддржа 64 седница на која советниците го усвоија Извештајот за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица за 2007 година како и Програмата за работа на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица во 2008 година.
Советниците го поддржа и Предлог Планот за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2008/2009 година. Советот на општина Струмица ја усвои и Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности во Општина Струмица со спомен-обележја со која е предвидено во текот на 2008 година да бидат подигнати две спомен обележја – бисти на Генерал Боро Поцков и Првоборецот Герас Цунев. Спомен бистите ќе бидат подигнати во малиот градски парк, и за нивно подигнување се предвидени средства во Буџетот на Општина Струмица.
На Барање на Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот, Советот на Општина Струмица донесе одлука за зголемување на цените за проценка на недвижен имот и за признавање на трошоците за превоз на членовите на комсијата до и од населените места. Советот донесе и Решение за разрешување и именување на членови во Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот на подрачјето на Општина Струмица.
Членовите на Советот дадоа согласност на Одлука на Управниот Одбор на ЈПКД „Комуналец” Струмица за утврдување на цените за користење на простор во новиот Градски пазар – Струмица. Согласно тоа висината на цените за користење на продажни места во Градски пазар во Струмица изнесуваат:
1. Издавање на продажно место тезга по м ² за еден месец со ДДВ ,по договор изнесува 1240,00 ден.
2. Резервација на продажно место тезга по м2 за еден месец со ДДВ само во пазарен ден 870,00 ден.
3. Издавање на продажно место тезга по м2 со ДДВ дневно 200,00 ден.
4. Наплата на пазришна такса од вредноста на внесените
земјоделски производи во пазарен ден 5%
На 64 седница Советот на Општина Струмица донесе и Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори “ЈП ,,Паркиралишта Струмица”. Со донесувањето на оваа Одлука за основање на јавното претпријатие се очекува да се воспостави ред во сообраќајот во градот. Јавното претпријатие ќе биде надлежно и за уредување на јавниот простор за паркирање и за отстранување на непрописно паркираните возила и хаварисаните возила од јавните површини.
На седницата присуствуваа 22 членови на Советот на Општина Струмица.