Денес Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев оствари работна средба со Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски.
Денес, Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски беше во работна посета на општина Струмица. Претседателот Црвенковски оствари средба со Градоначалникот и со членовите на Советот на општина Струмица.
За време на посетата Претседателот се сретна и со претставници на неколку невладини организации од Струмица.
Посетата на општина Струмица, Претседателот ја започна со посета на Заводот за заштита и рехабилитација “Бања Банско” во Струмица.