Денес во Домот на АРМ, под слоганот Искористи го твојот потенцијал, се одржа акцијата Претприемач на месецот, на која Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го додели признанието Претприемач на месецот за Општина Струмица на Митев Никола од Мебел 2000.
Под слоганот Искористи го твојот потенцијал, Регионалното собрание на Градоначалници од Брегалничко-Струмичкиот регион, поддржано од проектот ГТЗ-РЕДЕМ, го промовира претприемништвото и започнувањето на сопствен бизнис со програмата “Претприемач на месецот 2007”.
Во процесот на пријавување во Општина Струмица беа поднесени пет формулари за учество во акцијата, од млади претприемачи кои работат на теритријата на Општина Струмица.
Во конкуренција за избор влегоа:
– Горан Динов од ДИНО КОМПАНИ
– Панчче Пандев од СПЕКТРУМ ДП
– Ѓорги Пелтековски од ГРАФОСЕРВИС
– Миле Милановиќ од ГЛОБАЛ МЕДИА
Претприемач за Општина Струмица за месец јули е Митев Никола од МЕБЕЛ 2000.
Програмата за доделување на ваков вид награда во Брегалничко-Струмичкиот регион е пионерска од овој тип, а со единствена цел мотивирање на локалниот претприемачки дух, преку промовирање на успешни претприемачи од сопствената средина кои го поминале „трнливиот“ пат од започнувањето на сопствен бизнис и воведување на нови и иновативни производи на пазарот.
„Претприемач на месецот 2007″ програмата се одржува секој месец во одредена општина од регионот. За овој месец домаќин беше Општина Струмица.