Во рамките на програмата за Реформа на јавната администрација и Правната програма и реализацијата на проектот „Отворен општински буџет“, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија во соработка со фондацијата Институт Отворено Општество Македонија и Општина Струмица на ден 23.12.2006 година во хотел Тивериопол, одржа работилница на тема „партиципативно буџетирање“.На работилницата свој допринос дадоа Советниците во Советот на општина Струмица, Раководителите на сектори, одделенија и останати претставници на лоокалната администрација, како и претставници на локалниот бизнис сектор и граѓанските организации.