ФИООМ во рамките на програмата за Реформа на јавна администрација и Правната програма го спроведува проектот „Отворен општински буџет“, со цел зголемување на вклученоста на јавноста, граганскиот и бизнис секторот во сите фази на процесот на буџетирање на единиците на локалната самоуправа. Општина Струмица е една од трите селектирани општини кои ќе добијат поддршка во обуки на локалната администрација,граѓанскиот и бизнис секторот, експертска помош и финансиска поддршка за реализација на дел од планираните приоритетни активности. Имплементацијата на проектот се однесува на буџетската 2007 година.