Синоќа, во просторите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и претставникот на Британскиот совет, Жарко Конески ја прогласија за отворена изложбата на фотографии од едукативен карактер “Север Југ Исток Запад – Поглед на 360° на климатските промени”. Оваа изложба е дел од глобалниот караван “Град без јаглерод” кој во изминатите години посети повеќе европски градови. Соработници на оваа кампања се врвни личности од различни области како Тони Блер, Кофи Анан, Леонардо ди Каприо и многу други. Изложбата се состои од 23 постер фотографии, изработени од познати светски фотографи кои граѓаните на Општина Струмица ќе можат да ги видат до 23 Ноември.