Наградата за Социјална интеграција претставува дел од Програмата за социјални прашања на ЕРСТЕ Фондацијата заради поддршка на иновативни проекти кои ќе придонесат за подобрување на Европското општество. На ден 19.11.2008 година во Дом на АРМ , пред околу стотина претставници…
Наградата за Социјална интеграција претставува дел од Програмата за социјални прашања на ЕРСТЕ Фондацијата заради поддршка на иновативни проекти кои ќе придонесат за подобрување на Европското општество.
На ден 19.11.2008 година во Дом на АРМ , пред околу сто претставници на бројни Граѓански организации во Општина Струмица, Претставници на ЕРСТЕ Фондацијата од Австрија ја појаснија историјата на наградата за Социјална интеграција, како и активностите и роковите за апликација на проекти. Наградниот фонд изнесува 295.000 евра.
На средбата беше кажано дека десет проекти ќе бидат наградени со финасиска поддршка за нивната континуирана посветеност во работата, а уште десет ќе добијат награди за почесно споменување. Шеесет финалисти ќе бидат повикани да присуствуваат на свеченото доделување на наградите во Букурешт во јуни 2009 година.
Присутните гости и претставници на Граѓанскиот сектор ги поздрави и охрабри да аплицираат за оваа награда Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев.