Светска банка во соработка со консултантската куќа БАСМЕ КТ доо Скопје ги објави резултатите од конкурсот за проекти за развој на општините. Во конкуренција од над 40 аплицирани микропроекти до Светска Банка, Општина Струмица со својот Микро проект: Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови, е селектирана како една од трите најуспешни општини и ја доби поддршката, со што и отпочнаа активности за реализација на истиот.