Во рамки на севкупните активности на Владата на Република Македонија за децентрализација на власта, Министерството за финансии, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, го имплементира и координира фазниот трансфер на средства за финансирање на пренесените надлежности.

Врз основа начлен 36, став 6 од Законот за Влада на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.59/00, 12/03, 55/05 и 37/06), и член 46 став 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на РМ„ бр.61/04 и 96//04), Владата на Република Македонија формира Комисија за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација.
Врз основа на добиените податоци Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација констатира дека вашата општина, согласно член 45 став (2) и член 46 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, ги исполнува условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација.