Со особена почит, Ве поканувам да присуствувате на чествувањата по повод 56-годишнината од убиството на петтемина струмички студенти: Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Ѓорги Јар’мов и Стево Топчев.
Со особена почит, Ве поканувам да присуствувате на чествувањата по повод 56-годишнината од убиството на петтемина струмички студенти:
Борис Белев;
Мирко Пецев;
Ѓорѓи Костуранов;
Ѓорги Јар’мов; и
Стево Топчев.
што ќе се реализираат на ден 13.08.2007 год. (понеделник) на Градските гробишта и пред Спомен – обележјето во Малиот градски парк во Струмица.
Општина Струмица
Градоначалник,
Зоран Заев
Програма
13.08.2007 година (понеделник)
– 10,00 часот – Панихида на Градските гробишта во Струмица;
– 11,00 часот – Реч за животот и делото на петтемина убиени струмички студенти (Спомен-обележjе во Малиот градски парк во Струмица);
– Полагање свежо цвеќе пред Спомен обележјето;
– “Не венува тој спомен – бол” – Рецитал во реализација од рецитатори во Рецитаторската секција при домот за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.