Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“ со кој Општина Струмица ја доби престижната награда Најдобри општински практики за 2008 година за проектот Реконструкција и надградба на Градскиот пазар, беше организиран отворен ден за ширење и дисеминација на најдобрата практика кон останатите…
Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“ со кој Општина Струмица ја доби престижната награда Најдобри општински практики за 2008 година за проектот Реконструкција и надградба на Градскиот пазар, беше организиран отворен ден за ширење и дисеминација на најдобрата практика кон останатите општини.
На отворениот ден присуствуваа петнаесетина градоначалници на општини од Македонија, претставници на ЗЕЛС, Совет на Европа, како и претставници на УСАИД.
Од име на Општината проектот и придобивките од неговата реализација ги образложи градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев. Присутните гости беа запознаени со сите детали неопходни за имплементитација на проектот по што и лично ги посетија првиот затворен пазар и првата катна гаража во Македонија.
Големата заинтересираност од останатите општини за струмичкиот модел на јавно – приватно партнерство со помош на кој се реализираше проектот Реконструкција и надградба на Градски пазар значи дека овој модел како докажана пракса може да се примени и во останатите локални самоуправи во Р.Македонија.