Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Градоначалникот на Општина Петрич, Вељо Илиев (Р. Бугарија) ја отворија фотоизложбата Струмица и Петрич – Минато, Сегашност и Иднина.
Изложбата е во рамките на проектот за воспоставување на долготрајна погранична соработка и размена на културно-историско наследство, финансиран од ЕУ и раководен од Европската Агенција за реконструкција, а имплементиран од Општина Струмица и Општина Петрич.
Целта на фотоизложбата е да бидат презентирани минатото, сегашноста и иднината на двете погранични општини. На изложбата се претставени по 100 фотографии од двете општини и истите после 20 дена ќе бидат презентирани во Општина Петрич.
Фотоизложбата е изложена во НУ Завод и Музеј – Струмица до 20.07.2007 година.