Општина Струмица го претстави стопанството во Солун, Грција. Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион во Хотелот Capsis во Солун одржа македонско – грчки бизнис форум на кој беа презентирани инвестиционите поволности за вложување во Македонија и Струмичкиот регион и првиот македонски веб портал на стопански субјекти.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги поздрави присутните стопанственици од македонска и грчка страна и изрази надеж дека неколку нови контакти и бизнис договори ќе се склучат како резултат на првиот меѓународен бизнис форум организиран од општини.
На презентацијата во Солун, Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион пред грчките стопанственици ги претстави сите државни и општински поволности за инвестирање во струмичкиот микро регион, и ги запозна со првиот македонски веб портал кој претставува 180 компании од Струмица. Настанот во Солун беше поддржан од ГТЗ Редем.
Во рамките на посетата на Солун, Градоначалникот Заев оствари средба со Градоначалникот на Општина Ахиос – Грција. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете погранични општини која беше воспоставена во рамките на INTEREG III Програмата.
Градоначалникот на Општина Axios покани фолклорна група од Струмица да учествува на меѓународниот фолклорен фестивалот во Axios во септември оваа година и издази надеж дека следниот македонско-грчки бизнис форум ќе се одржи во Општина Аxios.