Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, денеска, ги посетија населените места Дорломбос и Мемешли. Со жителите разговараа за животот во овие села, за проблемите и нивното решавање со цел да се обезбеди поквалитетен живот. Приоритет им дадоа на локалниот пат и осветлувањето во селата.