Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев заедно со своите соработници, Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов и директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев остварија работна средба со истите претставници на Општина Кавадарци предводени од Градоначалникот Панчо Минов. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат општините во процесот на децентрализација, размена на искуства и нивно имплементирање во работата на локалната самоуправа и изнаоѓање модуси за продлабочување на соработката меѓу двете општини.