Претседателот на Р.Македонија, Бранко Црвенковски и Претседателот на Р. Бугарија, Георги Прванов, во еднодневна официјална посета на Струмица. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде и им подари спомен плакета од Општина Струмица, на двајцата претседатели.
Во текот на посетата двајцата претседатели положија свежо цвеќе пред споменикот на Поранешниот Македонски Претседател, Борис Трајковски.