ФИБА КУП: Тесен пораз на македонскиот кошаркарски првак

ФИБА Куп: Цедевита – Струмица 76:72. Македонскиот кошаркарски првак, Струмица претрпи тесен пораз од 76:72 во Загреб против екипата на Цедевита во првиот дуел од квалификациската рунда на ФИБА Купот. Решавачкиот натпревар ќе се игра во Струмица на 06.11.2007 (вторник) во Спорската сала Парк со почеток во 19.00 часот.

Одлично издание на Струмица во Сутјеска Врела во Загреб и покрај тоа што хрватскиот тим влезе како фаворит во натпреварот. Резултатот по четвртини 14:18; 20 :21; 23:21; 19 :12;
Најефикасни на натпреварот беа Милјан Пуповиќ со 22 поени од екипата на Струмица, и Славен Римаќ кај Цедевита со ист број на поени.

Реваншот е во вторник (06.11.2007) во Спортската сала Парк во 19.00 часот кога со поддршка на навивачите, КК Струмица ќе се обиде да извојува победа повисока од четири коша разлика што ќе значи севкупна победа против Хрватскиот претставник и пласман во второто коло од ФИБА купот, каде за противник ја очекува рускиот Локомотив од Ростов.