Кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски, денеска, беше полн со дечиња, ученици во прво одделение во основните општински училишта. Во опуштена и весела атмосфера градоначалникот и првачињата разговараа на повеќе теми, за првите училишни денови, научените песнички, детските игри. Овој прием е традиционален и се одржува во рамките на Детската недела, а по повод приемот на првачињата во Детската организација.