Општинскиот просветен инспектор Зоран Узунов и претставници на ОУ “Видео Подгорец” присуствуваа на еднодневната работилница за енергетската ефикасност во основното образование која ја организираше проектот на USAID за основно образование и Македонскиот центар за енергетска ефикасност.
На работилницата која се одржа во Пехчево беа разработени повеќе теми:
– енергетската ефикасност во локалната самоуправа
– енергетската ефикасност во училиштата
– важноста на проектите за енергетската ефикасност
– раководење и управување со енергетски системи (извршување на енергетски контроли, одредување приоритети за воведување мерки за енергетска ефикасност, примена на мерки за штедење на енергија)
Општина Струмица учествува во проект со основна цел подобрување на енергетската ефикасност во училиштата. Проектот е дел од Primary Education Project финансиран од USAID со кој ќе се изврши замена на столаријата со алумениумски елементи во ОУ Видео Подгорец. Активностите од овој проект започнаа со реализација овој месец.