Успешните спортисти заслужуваат континуирана поддршка бидејки тие се најдобрите репрезенти на нашиот град, рече Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, честитајки ја првата шампионска титула на КК Струмица.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им додели пригодни подароци на македонските шампиони во кошарка Богоев, Цветков, Софадитис, Флуелен, Караманолев, Грнчаров, Крстевски, Гоцевски, Хаџивасилев, Соколов, Кицулис, Николов, тренерите Влаикидис и Јанков, како и раководството на КК Струмица 2005 Карапиперис, Милановиќ и Иванов.
Градоначалникот Заев им вети на кошаркарите на Струмица 2005 дека лично ќе ја финансира изработката на химна на кошаркарскиот клуб, а исто така лично ќе ги предложи до Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица за добитници на Годишната општинска награда за особени достигнувања 11 Декември.
Со освоената шампионска титула кошаркарите на Струмица 2005 на најдобар начин го потврдија фактот дека Струмица е најспортскиот град во Македонија.