Решение за свикување на четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување  на четириесет и втората  седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и втората  седница на Советот на општина Струмица за ден 22.07.2016 година (петок).

Четириесет и   втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во  11,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Усвојување на записникот од четириесет и првата  седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување  на Буџет на Општина Струмица за 2016 година;
  2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2016 година;
  3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2016 година;
  4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2016  година;
  5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2016 година;
  6. Предлог –Програма  за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2016 година;
  7. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 14, Урбана единица 2 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2129,  2130/1 и 2127 КО Струмица;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3015/1 КО Банско;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3016 и 3015/4 КО Банско; и

11. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов