Седумдесет и четврта седница на Советот на Општина Струмица

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за 29.09.2008год. (понеделник) во 11.00 часот.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.09.2008 год.(понеделник). Седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I Предлог за усвојување на записникот од 73 седница на Советот на општина Струмица и

II Д н е в е н    р е д

  1. Извештај за работа на Средното општинско  училиште “Јане Сандански”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  2. Предлог-Годишна програма за работа  на Средното општинско  училиште “Јане Сандански”   Струмица во учебната 2008/2009 година
  3. Извештај за работа на Средното општинско училиште  “Димитар Влахов”  Струмица, во учебната 2007/2008 година;
  4. Предлог – Годишна програма за работа  на Средното општинско училиште “Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  5. Извештај за работа на Средното општинско училиште “Никола Карев”   Струмица, во учебната 2007/2008 година;
  6. Предлог-Годишна програма за работа  на Средното општинско  училиште “Никола Карев”   Струмица во учебната 2008/2009 година
  7. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино во учебната 2007/2008година;
  8. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино, во учебната 2008/2009 година;
  9. Извештај за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле во учебната 2007/2008 година;
  10. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле, во учебната 2008/2009 година;
  11. Извештај за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2007/2008 година;
  12. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2008/2009 година;
  13. Извештај за работа на ОУ “Даме Груев”  Куклиш во учебната 2007/2008 година;
  14. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Даме Груев”  Куклиш, во учебната 2008/2009 година;
  15. Извештај за работа на ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2007/2008 година; и
  16. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2008/2009 година.
  17. Извештај за работа на ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  18. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  19. Извештај за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  20. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  21. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  22. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Маршал Тито”  Струмица, во учебната 2008/2009 година.
  23. Извештај за работа на ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  24. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2008/2009 година.
  25. Извештај за работа на ОМУ “Боро Џони”  Струмица во учебната 2007/2008 година;
  26. Предлог-Годишна програма за работа на  ОМУ “Боро Џони”  Струмица во учебната 2008/2009 година.
  27. Извештај за работа на ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица во учебната 2007/2008 година; и
  28. Предлог-Годишна програма за работа на  ЈОУДГ “Детска Радост”  Струмица во учебната 2008/2009 година.

Напомена: Извештаите за работа за учебната 2007/2008 година, и Програмите за работа  во учебната 2008/2009 година, Ви се доставени со  допис бр. 07-4704/1 од 18.09.2008 година  на  посебно CD.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов