Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за 01.10.2008год. (среда) во 11.00 часот.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
ЈА СВИКУВАМ седумдесет и петата седница на Советот на општина Струмица за ден 01.10.2008 год.(среда). Седумдесет и петата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2008 година;
- Предлог- Програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата општина Струмица за 2008 година;
- Предлог – Програмата за изменување на дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2008 година;
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2008 година;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Струмица за 2008 година;
- Предлог-Одлука за преземање на управувањето со водоводниот систем во с. Свидовица – Општина Струмица;
- Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” – Струмица за висината на цената на м3 вода во с. Свидовица, бр. 02-3305/2 од 15.09.2008 година;
- Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” – Струмица за издавање под наем на дуќани во Градски Пазар – Струмица бр. 02-3305/4 од 15.09.2008 година;
- Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” – Струмица за промена на висината на цената за издавање на продажни места во Градски Пазар – Струмица бр. 02-3305/4 од 15.09.2008 година;
- Предлог- Заклучок за давање согласност на Одлуката на УО при ЈПКД “Комуналец” – Струмица за висина на цени за издавање на продажни места на други пазарни услуги бр. 02-3305/8 од 15.09.2008 год.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов